![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/igor-jug-2.jpg)
Игор Југ, 54годишниот кумановец кој вчера почина, требало да го убие тогашниот пратеник и мандар во најва, Зоран Заев.
Тоа го потврдија и неколку обвинети во процесот за 27 април.
Еден од нив беше и српскиот разузнавач кој на денот на упадот и насилството во Собрание, беше во македонскиот законодавен дом, Горан Живаљевиќ, кој во интервју за српската „Хепи“ телевизија рече дека според некои информации, Југ требало да го убие Зоран Заев.
„На тие фотографии на кои тие луѓе влетуваат со маски и го тепаат Заев, има и човек со амблем на Хрватски вооружени сили, Игор Југ, и ако внимателно ја гледате снимката се гледа дека цело време ја држи раката зад грб. Според некои информации тоа е човек кој требало да го убие Зоран Заев. После таа почетна информација која ден два се задржа во медиумите, јас никогаш повеќе во медиумите не видов дали тој човек е уапсен, каде е. Сите служби во Македонија ги знаат имињата на десетте луѓе кои беа под маски, сеуште ги следам македонските медиуми, јас не гледам дека прашуваат кои се тие луѓе, кој ги држел на врска, вели Живаљевиќ.
Со сличен исказ се произнесе и обвинетиот Захарије Симовски кој призна дека тоја самиот носел пиштол а исто така носеле и Игор Југ и Јане Ченто, како и дека во прес салата видел реакција на Игор Југ, кој посегнал со раката по пиштолот.
Југ беше осуден на 12 години затворска казна за сторено кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ за упадот и тепањето пратеници на 27 април 2017 година.