Skip to main content
Македонија

Петрушевски: До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДС?

08/02/2025  12:19

Интегрален текст од прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДС?

Ова е извадок од партиската интернет страница на СДС. Во делот на Комисии, како претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање е наведен Пеце Мирчевски.

Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал, и проневера на државни пари.

Пеце Мирчевски наместо за интересот на Службата и владата, работел за својот личен интерес и профит.

Ако СДС не го разреши Пеце Мирчевски од претседател на партиската комисија, покажува дека го поддржуваат неговиот криминал.

Ако СДС не го разреши и не се дистанцира од Пеце Мирчевски и нему сличните од јатото на Заев, вклучувајќи го и самиот Заев, тие ќе продолжат само да тонат.