![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/untitled-1-6.jpg)
Манчестер Јунајтед направи драматичен пресврт на домашен терен, го совлада Лестер со 2:1 и се пласираше во петтото коло од ФА Купот.
Боби Декордова-Рид ги доведе гостите во водство во 42. минута. Џошуа Зиркзеи израмни во 68. минута. И кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, Хари Мегваер постигна гол во третата минута од судиското надополнување за целосен пресврт и делириум на 70.000 гледачи на „Олд Трафорд“.
Сепак, беше очигледно дека Мегваер беше во офсајд кога Бруно Фернандеш нафрли од слободен удар кон голот. Лестер успешно постави офсајд замка, но помошниот судија не забележа. Многу љубители на фудбалот се прашуваат зошто ВАР не интервенираше.
Одговорот е бидејќи Англиската фудбалска асоцијација пред почетокот на овосезонското натпреварување одлучи видео технологијата да се користи од петтото коло на ФА Купот.
Манчестер Јунајтед профитираше, а Лестер беше оштетен со оваа одлука.
📽️ – HARRY MAGUIRE WAS OFFSIDE BUT THERE IS NO VAR TO RULE THIS OFF!pic.twitter.com/LI2yrqhWcn
— Football Report (@FootballReprt) February 7, 2025