![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_2690.jpeg)
Британската влада денеска објави дека искусната дипломатка Карен Пирс е назначена за специјален британски пратеник за Западен Балкан. Таа ќе го замени Стјуарт Пич и ќе ја преземе функцијата напролет.
Како еден од најискусните британски дипломати, Пирс ќе биде задолжена за унапредување на стратешките цели на Велика Британија во регионот, вклучително и подготовките за Берлинскиот процес, кој оваа есен ќе се одржи во Велика Британија.
„Самитот ќе ја поттикне соработката со партнерите од Западен Балкан во справувањето со нерегуларната миграција по клучните транзитни рути“, се вели во соопштението на британската влада.
Карен Пирс претходно била британски амбасадор во САД и постојан претставник на Обединетото Кралство во Обединетите нации во Њујорк.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Леми изјави дека Западен Балкан има долгогодишно значење за Велика Британија, особено во борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе.