Вчеравечер во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип.
Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип.
Како што соопшти МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на две години и 5 месеци од казната.