Skip to main content
Македонија

Инспектор ме испрати во станот на таткото на Вања да проверам дали девојчето е сокриено во плакар, сведочи Трајковски

07/02/2025  13:20

Сведокот Гоце Трајковски на денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истакна дека полициски инспектор му рекол да оди во станот на таткото на Вања, Александар, и да снима и да провери дали Вања е сокриена во плакар или во тоалет.

Тој рече дека не бил натеран од инспекторот, туку било побарано од него, со изговор да помогне на истрагата.

Тој додаде и дека полициски инспектори го прашале дали и Александар чувал куче, раса, која ја имал и Палчо. Тој одговорил дека не верува да чува толку големо куче во стан, коментирајќи дека му било чудно прашањето.

Трајковски рече и дека добил барање од инспекторите да го слика таткото на Вања, Александар, да гледа како се однесува.

-Им пратив една снимка, како спие на столица.

Им реков дека халуцинира, дека не е спиен 3-4 дена и дека не знае каде е, рече Трајковски.

Целиот текст прочитајте го на Фокус со клик ТУКА.