Бред Пит и Бед Бани се борат за мистериозен куфер во првиот тизер за „Брз воз“

„Сони пикчрс“ се врати на годишната конвенција на изложувачи CinemaCon во Лас Вегас за прв пат од 2018 година, каде што ги откри првите снимки од претстојниот филм, акција-трилер Bullet Train („Брз воз“).

Студиото претстави краток клип од филмот пред да ги најави другите студиски проекти како Ghostbusters: AfterlifeDevotion, и продолжението на Venom Morbius – Where the Crawdads Sing.

Тизерот за Bullet Train ги покажува Бред Пит и регетон sвездата Бед Бани како се борат за мистериозна актовка.

Ова е e прв филм во кој долгогодишните пријатели Сандра Булок и Бред Пит се појавуваат заедно, а треба да излезе на 8 април 2022 година.

Станува збор за филмска адаптација на романот Maria Beetle, дело на јапонскиот писател Которо Исака.

Треба да знаете
Последни објави