Skip to main content
Македонија

Росица, сестрата на загинатата Фросина Кулакова упати апел – Не го објавувајте видеото!

06/02/2025  18:30

Росица Кулакова, сестрата на загината Фросина, вели дека добила информација дека утре Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Васил Јованов, на утрешната конференција за медиуми има намера да објави некакво видео на кое се гледа како Васо вришти над мртвото тело.

„Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата, а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…“, се вели во писмото на Росица Кулакова.