Неколку лица извршиле кражба, па запалиле деловен објект во Бутел.
– На 05.02.2025 во 06.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека неколку лица со употреба на сила и алат влегле во деловен објект на подрачјето на населба Бутел и откако одзеле повеќе предмети, предизвикале пожар во објектот, по што го напуштиле местото. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема, стои во денешниот полициски билтен.