Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ пред десетина дена потврди дека се развела од Игор Којиќ, со кого беше во брак шест години, а денес нејзините фанови беа изненадени од фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм каде е со друг маж.
Моментално се наоѓа во Црна Гора, каде што вечерва ќе има концерт.Таа позира на плажа со долгогодишниот соработник, српскиот продуцент Филип Милетиќ, кој има направено нејзини бројни хитови.
-Мојот продуцент е подобар од твојот, бидејќи хитовите не лажат. Луштица, дали си подготвена? – напиша Северина по што веднаш започнаа шпекулациите дека се во врска.
Времето ќе покаже дали има нешто повеќе меѓу нив или само соработка.