Skip to main content
Хроника

Затвореник од “Идризово” со него имал прашкаста материја, вага и два телефони

27/10/2024  13:37

На 26.10.2024 од отворено одделение Велес при Казнено поправна установа Затвор-Идризово, било пријавено дека околу 17 часот при преглед на А.С.(34) од Велес, осудено лице кое издржувало мерка во установата, биле пронајдени дигитална вага, пакување со жолта прашкаста материја и два мобилни телефони, кои од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес биле одземени.

Од страна на полициски службеници од затворска полиција, А.С. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор-Идризово за доиздржување на казната.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по чл. 215 од КЗ.