Со пресудата за претходното кривично дело на 20-годишниот Васил Јованов се создава историски преседан во Македонија – полнолетно лице добило воспитна мерка поправен дом и било ослободено од притвор. Законот ова го дозволува, но ова е првиот ваков случај во Македонија, изјави Гордан Калајџиев, но додаде дека ништо немало да се смени – и да добиел казна затвор.
-Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени, објави Калајџиев на социјалните мрежи.