Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Треба да има интервенции во минималната кошничка

04/02/2025  15:57

Јас во месец јануари, простете, цигари не пушам, не испив лименка нескафе од 250 грама, не изедов ниту една цреша, не знам како изгледаат праски и кајсија, ниту пак диња и лубеница, ниту пак грозје, така што ценам дека тука треба да има интервенции и треба да има нешто пообјективно за да можеме врз основа на тие објективни параметри да водиме политика, вака сега не можеме, вака одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето од каде е потребата за измена во методологијата за пресметка на минималната синдикална кошничка.

-Нелогично е да имате цигари во минимална кошничка. За да не бидеме тие кои што не го надсихронизираат она кое што е работено од Синдикатот, а оценувано од двајца поранешни министри на СДСМ – Никола Поповски и Тевдоски, рековме ајде да вклучиме лица од сите области и сите заедно да ја формираме минималната потрошувачка кошничка. Цените да не бидат од еден од поекслузивните маркети, туку бидејќи е минимална, од тие кои што се со пониски и поскромни цени, да избереме средина и така да ја пресметуваме кошничката. Може ќе биде поголема, но, можеби и помала.