Skip to main content
Спорт

Роналдо: Јас сум најдобар во историјата и точка

04/02/2025  11:02

Кристијано Роналдо непосредно пред неговиот 40-ти роденден, во интервју за „Ел Чирингито“, рече дека е најдобриот фудбалер во историјата.

„Досега имам постигнато 923 гола, но не ми е важно дали ќе постигнам 930, 950 или што и да е во кариерата. Ако успеам да постигнам 1.000, одлично. Ако не, и тоа е во ред. Но, бројките не лажат. Јас сум најдобриот фудбалер во историјата, точка“.

Фудбалерот на Ал Наср продолжи: „Можеби повеќе ги сакате Пеле, Меси или Марадона. Јас го разбирам тоа и го почитувам, но јас сум најдобриот и најкомплетниот играч досега. Не сум видел подобар фудбалер од мене. Јас сум добар изведувач на слободни удари, шутирам добро, со лева и десна нога… Брз сум, силен, добро играм со глава… Да се каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер. Нема покомплетен фудбалер од мене“.

Роналдо откри дека на почетокот на кариерата бил блиску до трансфер во Барселона.

„Кога сè уште бев во Спортинг Лисабон, Барселона сакаше да ме донесе. Имаше договор за трансфер според кој требаше таму да одам една година подоцна. Но, тогаш дојде Манчестер јунајтед и заминав веднаш.

Тој играше во Барселона многу пати, но како ѕвезда на нејзиниот најголем ривал, Реал Мадрид.

„Сакав да играм на Камп Ноу. Сосема посебна аура, енергија. Ме исвиркуваа, ме навредуваа, а јас тоа го сакав и секогаш постигнував гол“.

Роналдо истакна дека најсреќен бил во Реал, вели дека „клубот и градот секогаш се во неговото срце“, а потоа објасно зошто решил да замине во Јувентус.

„Сакав нов предизвик, ново поглавје во мојот живот. Му кажав на претседателот Флорентино дека сакам да одам и тој тогаш прифати. Но, за време на преговорите, тој не се согласуваше толку добро со мене. Го разбирам, бидејќи секогаш го прави тоа. Тој сакаше да се вратам, но не можев бидејќи веќе му кажав на Јувентус дека доаѓам“.