Skip to main content
Македонија

„Ако кај судијката Алексовска Михајловска има пропусти, ќе има санкции“ вели првиот човек на Судски совет

03/02/2025  12:48

Претседателот на Судскиот совет – Александар Камбовски на прашање за одлуката на судијката Даниела Алексовска Михајловска во врска со случајот со Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова на булевар „Партизански одреди“ во Скопје вели дека ќе се разгледува случајот. Тој порача дека ако има пропусти, ќе има санкции.

– Ова не е проблем само на благи казни и постапување на судот, туку на целото општество. Треба да размислиме што можеме да направиме за да не се случува во иднина – рече Камбовски.