Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС го окупираше и го зароби правосудниот систем. Во судството се потребни итни и неодложни реформи.
Седум години власт наместо да работи на реформи и професионализација на правосудните органи, СДС во нив ставаше негови послушници, кои место по закон работеа по партиски директиви.
Тоа може да се види и од долгогодишниот прогон на ВМРО-ДПМЕ, каде што послушните судии партиските соопштенија на СДС ги преточуваа во судски одлуки, носејќи драконски казни за политички монтирани случаи.
Таков е и примерот со судијката Даниела Алексовска Стојановска која за монтиран случај против ВМРО-ДПМНЕ пресуди драконски казни, а од затвор спасила лице кај кое било пронајдено значително количество дрога, кој по нецела година одзеде млад живот на скопските улици.
Дека судијката Алексовска Стојановска е кадар на СДС, освен по прогонот и драконските казни за ВМРО-ДПМНЕ, може да се заклучи и од тоа што во нејзина куќа сместиле партиски штаб.
Односно, во куќа во сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска е сместен општинскиот штаб на СДС во Ранковце.
Таа е судијка која требала да биде непристрасна и да работи согласно закон, без политички влијанија, но наместо тоа, не само што во нејзиното работење била пристрасна и судела по партиски директиви, туку во нејзиниот дом во Ранковце го сместила општинскиот штаб на СДС.
Од ваквата постапка на отстапување на простор од семејната куќа за партиски штаб е очигледна блискоста и поврзаноста на судијката Алексовска Стојановска со СДС.
И токму поради ваквите судии длабоко поврзани со политиката и партиите, потребна е итна реформа и ресетирање на правосудниот систем.