Skip to main content
Балкан

Се урна таван на напуштена куќа- загинаа тројца малолетници во Јабланица

02/02/2025  15:42

Тројца малолетници загинаа откако се урна таван во напуштена куќа во југоисточниот дел од Косово по што полицијата почна истрага за несреќата, јавија косовските медиуми.

Несреќата се случила во селото Јабланица синоќа кога се урнал дел од таванот на конструкцијата, а внатре биле тројца тинејџери.

Косовското обвинителство денеска соопшти дека „се преземаат сите истражни дејствија“ и истакнаа дека телата се испратени на обдукција.

Локалните медиуми објавија дека куќата била ненаселена со децении и дека жртвите биле на возраст од 14 до 15 години.