Skip to main content
Хроника

Приведен 28-годишен неготинец осомничен за кражба на цигари

02/02/2025  13:34

Неготинец бил лишен од слобода поради сомнение за кражба на цигари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Вчера во 8:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода С.Д., на возраст од 28 години. Тој се сомничи дека од продавница во Неготино, одзел 75 кутии цигари од различни брендови, појаснуваат од СВР – Велес.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. С.Д. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, како што додаваат од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 20:45 часот во ОВР – Кавадарци, М.К.И., 68-годишна кавадарчанка, пријавила дека на улица „Сава Ковачевиќ“ во градот, била нападната од куче скитник.