Skip to main content
Хроника

МВР: Во тек се повеќе полициски акции низ Македонија, повеќе детали ќе бидат соопштени откако акциите ќе бидат завршени

02/02/2025  13:25

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на Македонија, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.

– Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, велат од Јавното обвинителство.

И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.

Според дел од медиумите, се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари.