Skip to main content
Скопје

Прекин на вода во дел од една скопска општина

02/02/2025  12:01

Од 09:45 часот без вода се корисниците на дел од улицата „Владимир Полежановски“ и улицата „Христо Смирненски“ во општина Центар, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски 30“ во населбата Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.