Skip to main content
Македонија

Левица: Мемов да достави докази во обвинителството за криминалите во ПИОМ на Дритан Беџити 

01/02/2025  14:31

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

И покрај зголемената наплата на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во 2023 година, Фондот за ПИОМ повторно има финансиска дупка која што очигледно се должи на недомаќинското работење со институцијата. Од набавка на технички неисправна опрема, до исплата на плати на лица кои не доаѓале на работа, се само дел од констатираните неправилности во работењето на Фондот за ПИОМ.

Во 2023 година кога со Фондот како директор раководел Дритан Беџети – кадар од Алтернатива на Гаши, се склучени договори за дело со 206 лица. За овие вработувања од касата на фондот се исплатени неверојатни 800.000 евра. Ревизијата потврдила отсуство на евиденција дека овие лица воопшто оделе на работа. Ова инсинуира индиции за злоупотребување на институцијата со цел раскусурување со партиските активисти на Гаши до џебот на граѓаните.

Директорот од партијата на Гаши склучил и договор за закуп во времетраење од 20 години на објект кој се наоѓа на само неколку метри од филијалата на Фондот во Тетово и воопшто не ги исполнувал условите за задоволување на потребите на Фондот. За скандалот да биде поголем, утврдено е дека овој објект е семејна куќа на неговата сестра.

Во ревизорскиот извештај е констатирано и дека за потребите на Фондот била извршена набавка на ИТ опрема од која дел воопшто не била функционална, незаконски се исплаќале награди за вработените, а недомаќински се стопанисувало и со домовите за стари лица. Огромни средства од Фондот се исплаќани и за пречекорување на дозволените лимити на службените мобилни телефони, а неповратни средства од Фондот наплаќале и извршителите.

Ревизорскиот извештај потврди бројни неправилности во фондот направени под директорската палка на Дритан Беџети, кои подлежат на прекршочна, но и кривична одговорност. Засега против него се поднесени две кривични пријави, иако има индиции и за повеќе сторени кривични дела, засега нема ниту една судска разрешина.

Левица бара судска завршница за започнатите процеси против Беџети. Го повикуваме неговиот наследник е од редовите на коалициониот партнер, портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, да обезбеди материјали за укажаните пропусти од ДЗР и ги достави до обвинителството и јавноста, во спротивно уште еднаш се потврдува дека партијата на Максим Димитриевски ги штити од одговорност кадрите на Гаши и Алтернатива.