Skip to main content
Свет

Хамас ослободи уште двајца израелски заложници во Кан Јунис

01/02/2025  09:40

Палестинската милитантна група Хамас му предаде двајца израелски заложници на Црвениот крст во Кан Јунис, Газа, а третиот се очекува да биде ослободен подоцна во текот на денот на друга локација.

„Тајмс од Израел “ пренесе дека Црвениот крст сега заложниците треба да ги донесе кај припадниците на ИДФ и силите на Шин Бет во Појасот Газа и потоа двајцата да бидат спроведени надвор од палестинската енклава.

Претставник на израелската безбедност денеска за израелските медиуми изјави дека ослободувањето на тројцата израелски заложници се очекува да започне во 8:30 часот по локално време.

Тројцата заложници кои Хамас ќе ги ослободи се Офер Калдерон (54), Кит Сигел (65) и Јарден Бибас (35), пишува „Тајмс оф Израел“.