На градскиот плоштад во Неготино, бројни граѓани денеска ѝ оддадоа последна почит на 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Таа вчера беше прегазена на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, додека поминувала на пешачки премин. Возилото, управувано од 20-годишник под дејство на алкохол и без возачка дозвола, со брзина од 130 километри на час поминало на црвено, предизвикувајќи фатален исход.
По нејзиниот погреб, граѓаните на Неготино се собраа на протест, барајќи одговорност и итни мерки за зголемена безбедност во сообраќајот. Демонстрантите испратија јасна порака – системот мора да се промени за вакви трагедии да не се повторат.