Skip to main content
Македонија

Цената за паркирање во Гостивар се намалува од 40 на 25 денари

31/01/2025  13:52

Советот на Општина Гостивар на денешната седница со мнозинство гласови ја намали цената за паркирање во Гостивар од 40 денари на 25 денари.

Со оваа одлука е вратена старата цена за паркирање во Гостивар, со што барем малку ќе им се олесни финансискиот товар на граѓаните.

Исто така, со новиот Правилник на Јавното претпријатие за „Јавни паркинзи и зеленило“ се предвидува и намалување на цената за блокирање на непрописно паркираните возила, од 1200 денари на 600.