Skip to main content
Македонија

(Фото/Видео) Протест на „Партизанска“ се бара одговорност за смртта на Фросина

31/01/2025  13:29

Стотици граѓани денеска излегоа на мирен протест на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, како реакција на прегазувањето на 22годишната Фросина Кулакова.

Граѓаните на мирен начин изразуваат револт од чинот на прегазување но и негодување од реакцијата на надлежните особено во случај кога пијаниот возач што ја прегази Фросина не бил санкциониран за други кривични дела.

Од протестот се побара надлежните институции конечно да почнат да ја работат својата работа и да санкционираат согласно законот.

За неколку години, Фросина е дури третата жртва прегазена на пешачки премин на истата локација, помеѓу Универзална слаа и пекарата Силбо.

Протестот се организираше спонтано, преку социјалните мрежи.