Skip to main content
Спорт

Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година

31/01/2025  11:00

Аргентинскиот фудбалски великан Лионел Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година, но рано е за официјални најави, изјави селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони.

Скалони, кој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, ја објасни желбата на 37-годишниот рекорден осумкратен освојувач на „Златната топка“ да остане во тимот.

-Првото нешто што треба да се каже е дека и тој и неговите соиграчи се свесни дека останува разумно време и дека тој и сите други сакаат да играат на Светското првенство. Ќе треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите. Меси знае што мислиме и е најинтелигентен од сите нас, изјави Скалони за ДССПОРТС.

Скалони зборуваше и за одлуката на поранешниот аргентински напаѓач Анхел ди Марија да се повлече од националниот тим откако минатата година го освои вториот трофеј на Копа Америка.

-Од она што го кажа, се е готово. И на најдобар можен начин. Да напишеше свој филм, своја книга, своја фудбалска приказна, мислам дека немаше да ја напише толку добро како што ја заврши, рече Скалони.