Skip to main content
Македонија

Мицкоски има 17 советници, со плата од 60.000 до 90.000 денари

28/01/2025  15:30

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата.

„Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60,000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90,000 денари, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Мицкоски рече дека Владата наскоро ќе ги објави и нивните имиња.