
Според извори на порталот Инфомакс македонскиот актер Сашко Коцев вчера учествувал во инцидент кој се случил додека кон хотелот Мериот се упатувала црковна делегација каде се одржа средбата помеѓу српскиот патријарх, Порфирије и македонскиот поглавар г.г. Стефан.
Имено, Коцев со својот автомобил прегазил полицаец за време на вршење службена должност кој го обезбедувал настанот кој требало да се одржи во хотел Мериот.
Очевидци на настанот тврдат дека Коцев се однесувал многу чудно и делувал како да не размислува трезвено. Актерот одбил да постапи по наредба на полицијата која му наредила да го запре возилото додека делегацијата со странски претставници успешно не влезат во хотелот Мериот каде се одржувал настанот на кој присуствувале ВИП лица.
Коцев најпрво почнал со повишен тон да се обраќа кон полицаецот за потоа да почне и да го навредува, целата состојба ескалирала по што актерот го прегазил полицаецот кој бил на должност.
Настанот го потврди и МВР.
-На 27.01.2025 околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Остатокот од текстот прочитајте го на Инфомакс