Search

Британска опозиција: Ве лажеа пред референдумот, ве лажат и сега

Лабуристичката партија соопшти дека е неопходно итно закажување на седница на суспендираниот Парламент, откако владата на Борис Џонсон го објави својот план за справување со последиците од Брегзит без договор.

Според најголемата опозициона партија во Британија, таканаречениот Јелоухамер документ потврдуваат дека постојат огромни ризици доколку Обединетото Кралство ја напушти ЕУ без договор.

Пратениците бараа од владата да го објави документот пред да стапи на сила суспендијата на законодавниот дом.

Секретарот за одбрана во британската влада, Бен Волас, тврди дека владата со својот план се обидува да ги ограничи опасностите од Брегзит без договор.

  • Мислам дека ова е жив документ кој постојано ќе биде променуван и користен и затоа знаете, јас сум прилично релаксиран затоа што овој документ е достапен во јавноста. Не мислам дека станува збор за некоја голема конспиративна теорија, за која што зборуваат некои од моите политички противници. Ова е претпоставка за можен развој, мораме да ги правиме тие анализи. Доколку не ги правевме, ќе дојдевме тука пред вас и со право ќе можевте да ни кажете: “зошто не планиравте за тоа., вели Волас.

Волас вели дека документот предупредува што би се случило во Британија по Брегзит без договор, доколку владата не преземе ништо.

Според документот Јелохамер, Брегзит без договор би довел до: намалување на снабденоста со одреден вид свежа храна, зголемување на цената на храната и горивото, што најмногу би го почуствувале луѓето со ниски примања, нарушување во снабдувањето со лекови и медицински помагала кое би можело да трае до 6 месеци, како и најмалку тримесечен застој на границите при што камионите би чекале и повеќе од два дена да го преминат англискиот канал.

Треба да знаете
Последни објави