Далас победи, Дончиќ се повреди пред стартот на плеј-офот во НБА лигата

Заврши регуларниот дел од лигашката сезона во најсиланта кошаркарска лига во светот – НБА. Дуели одиграни синоќа  ги одбележа триумфот на Далас на домашен терен против Сан Антонио (130:120) и повредата на еден од нивните најдобри играчи Словенецот Лука Дончиќ.  Словенечкиот интеранционалец Дончиќ постигна 26 поени, а имаше и девет асистенции и осум скока, но не го доигра натпреварот до крајот. На истекот на третата четвртина Словенецот мораше да замине во соблекувалната поради повреда на мускул од  левата нога. Дончиќ не се врати на теренот. Пред почеток на плеј-офот луѓето во клубот и симпатизерите на Далас се во исчекување на резултатите од лекарските прегледи. Во првиот натпревар од плеј-офот Далас ќе игра против Јута.

Како поинтересни исходи од синоќешните поресметки се издвојуваат и триумфите на Кливленд против актуелниот бранител на титулата Милвоки (133:115). Со тоа Кливленд ја прекина серијата од три последователни порази, додека за Милвоки го претрпе вториот последователен пораз.

Доминантна партија за Кливленд имаше Кевин Лав со 32 поени, десет скока и две асистенции, додека Марканен додаде 23.

Шарлот славеше против Вашингтон со 124:108 , а Бруклин конечно беше подобар од Индијана на својот паркет со 134:126.

 

 

Треба да знаете
Последни објави