Search

Малолетници на мотор фатени со дрога и ножеви

На 08.09.2019 во 01,00 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Треба да знаете
Последни објави