47-годишен жител на тетовското село Шемшово доби кривична пријава откако, според полицијата, лажел дека четворица насила го однеле во скопското село Грчец, го тепале и му барале пари, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од с.Шемшово, тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично дело „лажно пријавување’’ во врска со кривично дело „грабнување“. На 09.04.2024, пријавениот лажно пријавил дека во село Шемшово четири лица насилно го внеле во патничко возило, го однеле во с.Грчец, физички го нападнале, му барале пари, а потоа го оставиле во с.Добарце“, велат од полицијата.