Skip to main content
Хроника

Маж со секира им се заканувал на полицајци

25/10/2024  14:09

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 11.10.2024 во атарот на струшкото село Богојци, тој со секира им се спротивставил и им упатил закани на двајца припадници на Шумската полиција, кои преземале службени мерки за одземање на дрва што потекнуваат од бесправна сеча.