Skip to main content
Хроника

Кривични пријави против тројца ловџии од Гевгелија

21/01/2025  17:58

Поднесени се кривични пријави против три лица, К.К. и О.И., двајцата од село Моин, гевгелиско и против Д.Т., од село Богородица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „незаконит лов” и дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

„На 11.01.2025 кај место викано „Караула Моин“, полициски службеници ги затекнале пријавените со ловечки пушки, при што било констатирано дека истите не поседувале соодветни документи согласно Законот за оружје, односно не поседувале дозволи за лов, а за ловечките пушки пронајдени кај прво и второпријавениот било утврдено дека не поседуваат дозволи за поседување“, се вели во билтенот на МВР.