Болтон во посета на Украина

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон денеска допатува во посета на Украина, соопшти Амбасадата на САД во Киев.

Тоа е прва посета на висок американски претставник на Украина откако за претседател е избран Володимир Зеленски.

– Болтон допатува овде за да ја истакне американската поддршка за украинскиот суверенитет, територијален интегритет и евроатлантски пат. Тој се надева на продуктивни состаноци со украинските претставници, објави Амбасадата на САД во Киев на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави