Нетанјаху одговори на заканите на Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го предупреди водачот на Хезболах, Саид Хасан Насралах, да се „смири“ по неговата закана за Израел.

Насралах претходно го предупреди Израел дека неговото движење подготвува непосреден одговор на израелските напади во предградието на Бејрут, пренесува „Ројтерс“.

„Слушнав што рече Насралах. Му предлагам да се смири. Тој добро знае дека Израел знае да се брани и да им возврати на своите непријатели “, рече Нетанјаху.

Треба да знаете
Последни објави