Возач тешко повреден во сообраќајка кај селото Семениште

Возач бил тешко повреден, а уште едн возач и сопатник полесно, во сообраќајка што се случила синоќа на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај селото Семениште, информира МВР.

Сообраќајката се случила во 19.15 часот кога автомобил „бмв“ со австриски национални ознаки, управувано од скопјанецот Х.И. (20) се судрило со автомобил „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(39) од скопското село Буковиќ.

Возачот на „југото“ се здобил со тешки повреди, а Ф.А.(37) сопатник од истото возило Ф.А. и возачот на „бмв“ биле полесно повредени.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави