Ц.звезда игра за историја и 25 милиони евра

Вечерва (21 ч.) се играат првите три реванш средби од плејофот за пласман во групната фаза од елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите. Екипите од соседството, српскиот првак Црвена звезда, хрватскиот Динамо Загреб и грчкиот Олимпијакос се на прагот да си обезбедат ново натпреварување во групите и добро финансиски да поминат.

Најблиску до остварување на целта е Олимпијакос, кој кај рускиот Краснодар ќе патува со предност од 4:0, а хрватскиот Динамо  предводен од македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, со два гола по првите 90 минути му гостува на норвешкиот Розенборг (2:0). Без резултаска предност по првите 90 минути, но на домашен терен и бројна поддршка од трибините ќе игра Црвена звезда која го дочекува швајцарскиот Јанг Бојс (2:2).

Српскиот првак Црвена звезда, пранешен европски од 1991 година кога елитното натпреварување  се играше со елиминаторни кола, а не лигашки дел по групи, вечерва во Белград ќе игра за испишување на нова клупска историја. Покрај тоа ќе биде и првиот тим во својата земја кој би играл по вторпат едноподруго во елитното групно натпреварување. Ако тоа им успее,  „црвено-белите“ ќе си ја наполнат и клупската каса со околу 25 милиони евра.

Во утрешните последни три натпревари од плејофот се среќаваат: Ајакс – АПОЕЛ Никозија (0:0), Бриж – ЛАСК (1:0) и Славија Прага – Клуж (1:0).

Победниците од  плејоф натпреварите ќе се најдат во ждрепката за составот на осумте групи со по четири екипи, која е закажана за 29 август, а поразените имаат обезбедено место во групите од второто по ранг клупско натпреварување Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави