На напаѓачот на синагогата во САД му се заканува смртна казна

Американскиот обвинител ќе бара смртна казна за напаѓачот во Питсбург, кој минатата година влегол во синагога со полуавтоматска пушка и убил 11 лица.

Четириесет и шестгодишниот Роберт Бауерс извикувал „сите Евреи мора да умрат“, додека пукал кон верниците во синагогата, според „Ројтерс“.

Обвинението го товари Бауерс, меѓу другото, за употреба на оружје, убиство и попречување на верска слобода што резултираше со смрт.

Бауерс пред судот во Питсбург се изјасни дека не е виновен за ниту едно од 63-те точки во обвинението.

Масакрот во синагогата во Питсбург е најсмртоносниот напад врз американските Евреи во историјата.

Треба да знаете
Последни објави