Макрон до Болсонаро: Не можеме да дозволиме сè да уништите

Не можеме да дозволиме сè да уништите, е пораката која францускиот претседател Емануел Макрон ја упати до неговиот бразилски колега во врска со пожарите кои беснеат во Амазонија.

Макрон рече дека регионот, иако во голем дел е бразилски, исто така е и светски проблем бидејќи во опсност се доведени белите дробови на планетата.

„Ние го почитуваме вашиот суверенитет. Тоа е ваша земја. Но, амазонската прашума е прашање кое го засега целиот свет. Можеме да ви помогнеме со пошумување. Можеме да најдеме средства за вашиот економски развој кои се во склад со природната рамнотежа, но не можеме да дозволиме да уништите сè“, му порача Макрон на бразилскиот претседател.

Говорејќи на француска телевизија по самитот Г7, Макрон призна дека поради увозот на соја од Бразил и Европа носи дел од вината за земјоделскиот притисок врз прашумата.

„Ние исто така сме соучесници“, додаде Макрон.

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, претходно ја отфрли помошта од лидерите на Г7 во износ од 20 милиони долари наменета за борба против пожарите во Амазонија, нарекувајќи ја ваквата постапка колонијалистички акт.

Треба да знаете
Последни објави