Бразилските амбасадори не можат да одaт на одмор поради пожарите

Министерството за надворешни работи на Бразил им нареди на своите амбасадори во Европа и другите членки на Г7 да не одат на одмор во текот на наредните две недели за да се усогласи дипломатскиот одговор на загриженоста на светот поради пожарите во Амазонија, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на два неименувани извори.

Според нив, бразилскиот министер за надворешни работи Ернесто Араузо одлучил да го суспендира одморот на амбасадорите во одредени земји, откако во неделата вечерта итно се состана со претседателот Џаиро Болсонаро.

Според изворите, некои амбасадори веќе биле на одмор и морале да се вратат на работа.

На бразилските амбасади им било кажано и на своите профили на социјалните мрежи да објавуваат дека секоја година има шумски пожари во Амазонија и дека сегашните пожари не се вон контрола.

Треба да знаете
Последни објави