Пред неколку месеци ловецот на таленти Кристијан Карино (50) и пејачката Лејди Гага (33) ја раскинаа свршувачката, и сите се сомневаа дека нејзиното неверство е главниот виновник за тоа. Пејачката беше поврзувана со колегата од сетот, актерот Бредли Купер (44), за кој се покажа дека ја сака актерката Џенифер Гарнер (47).
Според „Космополитан“, Карино е во врска со Робин Баум, портпаролка на актерот Џони Деп (56).
Кога Лејди Гага и Карино започнаа врска, тој го истетовира нејзиниот портрет на рамото. Не е познато дали го отстранил откако се распаднала свршувачката.
Lady Gaga’s new boyfriend Christian has a tattoo of her on his arm. pic.twitter.com/ZjGNZCC4Bi
— Gaga Daily (@gagadaily) November 17, 2017
Пред осум години се зборуваше дека Џони Деп се „сплеткал“ со Робин и се појавија на насловната страница на францускиот весник „Воичи“.
https://www.instagram.com/p/BWzoF2EjM-U/?utm_source=ig_embed
„Со кого си игра? Тој знае дека Робин е ждерачка на мажи“, пишува покрај нивната фотографија. Сепак, славниот актер никогаш не ја потврди својата врска со Робин, иако фоторепортерот ги „фати“ како се бакнуваат.