Воздушни напади во Појасот Газа

Израелски авиони рано утрово извршија повеќе напади врз воените позиции на Хамас во Појасот Газа, од каде што претходно беа лансирани три проектили кон јужен Израел.

Војската соопшти дека воздушните напади биле насочени кон позицијата на Хамас во северниот дел на Појасот Газа.

Како што се наведува, нема информации за евентуални жртви.

Израелскиот систем за противвоздушна одбрана пресретна две ракети истрелани од Газа, но не е соопштено што се случило со третата.

Треба да знаете
Последни објави