Неуставен вонредниот инспекциски надзор на Тетовски универзитет

Вонредниот инспекциски надзор извршен од страна на Државниот просветен инспекторат на Тетовскиот универзитет во кој е утврдено дека функционерите Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули законски напредувале во наставно-научни звања, спротивно на претходниот инспекциски надзор на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, е вршен согласно новиот Закон за високо образование, што е противуставно, тврдат адвокати. Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, велат тие, пишува Факултети.

– Согласно членот 52 став 4 од Уставот на Република Северна Македонија, законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните. Точни се наводите дека претходниот Закон за високо образование („Службен весник на Република Македонија“, бр. 35/08…127/16) престанал да важи на 8 мај 2018 година, кога бил донесен нов Закон за високо образование („Службен весник на Република Македонија“, бр. 82/2018). Меѓутоа, постапките за избор во наставно-научни звања на горенаведените политички функционери се спроведени во периодот во кој се применувал претходниот Закон. Поради тие причини, постапките за избор во наставно-научни звања морале да бидат спроведени согласно одредбите на Законот кој важел во моментот на распишување на конкурсот и изборот во наставно-научни звања – велат велат од адвокатското друштво „Наумов, Менкиноски и Партнери Скопје“, кои го застапуваат инспекторот Илиевски.

Инспекторот Илиевски, кој беше деградиран на работното место бидејќи доби дисциплинска казна, сè уште тврди дека функционерите незаконски се стекнале со звањата, па поднесе и прекршочни пријави за одговорните лица на Тетовскиот универзитет. Во тек се повеќе постапки за утврдување на фактичката состојба на овој случај, а сè уште се чека одлуката и на Антикорупциската комисија.

Целиот текст може да го прочитате на следниов линк:Факултети.

Треба да знаете
Последни објави