Skip to main content
Македонија

Илире Даути поднесе оставка до Собранието

16/01/2025  12:13

Пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, Илире Даути денеска поднесе оставка до Собранието.

Ова следува откако во петокот, од страна на пратениците беше изгласана интерпелација како претседател на Комисијата.

Иако бараше 15 минути на говорница да ја образложи својата оставка, сепак претседателот на Собранието, Африм Гаши не и дозволи.

По ова настана расправија меѓу пратениците.