Skip to main content
Спорт

Навивачите на Црвена звезда со жестоки навреди го избркале американскиот амбасадор од Арената во Белград

16/01/2025  11:15

Црвена звезда доживеа пораз од Фенербахче со 91:96 во натпреварот од Евролигата во Белград. Натпреварот го одбележаа навредливите скандирања на домашните навивачи кон Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Србија, кој е пред пензионирање и заминување од таа земја.

Навивачите на Црвена звезда скандираа „Косово е Србија“ и развија знаме со истиот натпис и упатија низа навреди кон Хил: „Делије, Делије, ајде сите да го кренеме гласот, амбасадорот Кристофер да ни го п..и к…т“, ечеше во Арената во Белград.

Амбасадорот поради навредите ја напушти Арената на полувремето.

„Телеграф“ додава дека навредите кон него не се единствената причина за ова. Според овој извор во еден момент дел од навивачите се упатиле кон ложата во која седел Хил.

Кристофер Хил често ги гледал натпреварите на Црвена звезда и Партизан, но ова очигледно му беше последен, бидејќи неговата кариера и мисијата во Србија завршуваат на 20 јануари.

Хил е познат американски дипломат. Во изминатите три години тој беше амбасадор на САД во Србија, а претходно беше на таа функција во Ирак, Јужна Кореја, Полска, Македонија и Албанија. Тој е еден од најодговорните за потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.