Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка меѓу комбе и автомобил кај студентскиот дом „Кузман“ – има повредени

15/01/2025  22:28

Тежок судир меѓу комбе и автомобил „Мерцедес“ вечерва се случи на крстосницата меѓу булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје, кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје.

MK Summit

Според информациите на репортер на Слободен печат од местото на сообраќајната несреќа, во неа имало повредени, кои биле пренесени во болница. На фотографиите на „Слободен печат“ се гледа уништениот автомобил и полицијата која го регулира сообраќајот и врши увид.