Македонските репрзентативци одиграа одлично против фаворитот Унгарија и извојуваа нерешено со 27 наспроти 27, иако до последните 30тина секунди имаа шанса за победа.
Играч на мечот беше прогласен нашиот капитен Филип Кузмановски со 10 голови, иако и голманот Никола Митревски беше одличен, особено во клучни моменти во натпреварот.
Со ова Македонија доби 1 бод на светското првенство по првиот одигран натпревар, што не е воопшто лош резултат.