Skip to main content
Свет

Добитниците на Нобеловата награда и ОН повикаа на поголемо производство на храна

14/01/2025  14:48

Повеќе од 150 добитници на Нобеловата награда и Светската програма за храна на ОН потпишаа отворено писмо во кое повикуваат на напори за зголемување на производството на храна.

Тие повикаа на итна акција за да се даде приоритет на истражувањето и технологијата за да се реши „трагичната неусогласеност меѓу глобалната понуда и побарувачка на храна“, објави Гардијан.

Физичарот Роберт Вудро Вилсон, хемичарот Џенифер Дудна, Далај Лама, економистот Џозеф Стиглиц, научникот на НАСА Синтија Розенцвајг, етиопско-американскиот генетичар Гебиса Ејета, Акинвуми Адесина, претседател на Африканската банка за развој, Воле Сојинерос, добитник на Нобелова книжевност, , некои се од потписниците на писмото кое го координира Кери Фаулер, специјален претставник на САД за глобална безбедност на храната.