Државниот управен инспекторат спроведува инспекциски надзор во Институтот за јавно здравје откако била поднесена анонимна пријава дека вработени во одделот за администрација не полагале испит за административен службеник.
Ова за Телма го потврдија од ИЈЗ, од каде што велат, пред извесно време добиле писмо од инспекторатот во кое побарале да им достават информации за сите вработени.
Ние ги доставивме бараните информации и потоа од инспекторатот одлучија дека треба дополнително да постапат по добиената пријава и во моментов работат на истражување на случајот. Пред изготвување на записникот на инспекторатот не можеме да тврдиме со сигурност, но, и во ИЈЗ стигна пријава да посветиме внимание на фактот дека вработените административци немале полагано испит. Она што ние го видовме, иако не можеме да судиме пред изготвување на записникот на инспекторатот е дека тоа навистина се случувало, велат од ИЈЗ за Телма.
Оттаму додаваат дека откако ќе го добијат записникот ќе постапат согласно законот и ќе ја известат јавноста дали навистина се случила повреда на законот со што тие вработени ќе бидат ставени во подредена позиција.
Целиот текст на Телма со клик ТУКА.